(ВИДЕО) ЕКСПЛОЗИЈА ВО АЛБАНСКИОТ ТУРИСТИЧКИ БИСЕР: Има и повредени
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2017
Најмалку 20 лица денеска се повредени при експлозија во Велипој во северозападна Албанија.
Експлозија имало во кујната на ресторанот во состав на еден хотел, по што пожарот се проширил.
Повредени се од 20 до 30 лица од кои 5 потешко.
Во моментот кога се случила експлозијата, туристите спиеле, а евакуирани се и жителите на околните куќи.
Облак со црн чад го покри местото, а на пожарникарите им помагаат и волонтери.
Велипој е омилено туристичко место на луѓето од северна Албанија.