29 Март, 2024
0.0297

(ВИДЕО) Ема живее во стан од 8 квадрати и не и фали ништо

Објавено во: Стил 22 Април, 2017

Добивај вести на Viber

На некои луѓе навистина не им треба многу за среќа. Доказ за тоа е и Ема од Австралија која се преселила во Јапонија и таму живее во минијатурен стан-има само 8 квадрати и се наоѓа во центарот на Токио.

И што е најдобро од се, во него има се што и треба-кујна, купатило, спална, дури и мал балкон.

Го плаќа 69 000 јени месечно, што е околу 578 евра.

„Долго барав сместување и кога го видов овој стан едноставно ми падна во око бидејќи е направен на два ката. Делот за спиење е одделен од остатокот од станот. Отсекогаш сум сакала да живеам во Јапонија и тоа овде е така.

Во центарот на Токио становите и онака се многу мали“, објаснила таа и додала дека е многу среќна.

Сепак, вакво сместување дефинитивно не е за луѓе кои страдаат од клаустофобија (страв од мал или затворен простор) бидејќи е навистина мал. 

Двата ѕида е можно да се допрат со раце во исто време и тоа да не ги испружите до крај.