(ВИДЕО) ЕСКАЛАЦИЈА: Палестинец со нож прободе израелски полицаец
Објавено во: Свет 10 Декември, 2017
Палестинец на возраст од 25 години без причина му заби нож во градите на израелски полицаец пред автобуска станица.
Напаѓачот е
уапсен, но не се знае дали полицаецот ќе преживее.
Насилни протести имаше пред американската амбасада во Бејрут, кога поголема група
демонстранти се обиде да влезе во зградата.
Либанската полиција употреби солзавец и водени топови за да ја разбие толпата, која со
палестински знамиња протестираше против одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп да го признае Ерусалим за
главен град на Израел. Протести пред американските амбасади се одржуваат во повеќе муслимански земји. Најмасовен собир имаше во Индонезија, каде што излегоа над 10.000 луѓе.
Антиизраелски протести синоќа се одржаа и во Шведска, а десетици молотови коктели се фрлени врз синагога во Гетеборг. Битката за Ерусалим ги интензивира и дипломатските
напори и на Арапската лига.
САД и Израел и натаму сметаат дека одлуката е реална.
Најголем дел од европските земји сметаат дека Трамп со одлуката ја легализира израелската
окупација и анектирањето на источен Ерусалим пред 50 години и во исто време, става точка
на 70-годишната умерена американска политика кон израелско-палестинското прашање. Трамп одлуката ја донесе на шести декември.