(ВИДЕО) ЕТНА ЕКСПЛОДИРА: Врели камења им паѓаа на луѓето на глава
Објавено во: Свет 17 Март, 2017
Вулканот Етна во Италија на Сицилија се разбуди, а при ерупција повредени се повеќе туристи и новинари од БИ БИ СИ.
Тие имаат повреди на глави, исекотини, опекотини, модринки.
Лавата и парата доведе до експлозија при што врели камења летаа и ги удираа луѓето.
Повредени се 8 лица, а спасувачите дел од луѓето ги евакуирале од планината.
Жена на возраст од 78 години била блиску до експлозијата, но се тргнала навреме.
Трет пат за три недели Етна исфрла лава, а има ерупција прв пат по една година.