(ВИДЕО) ЕУ СЕ ПРЕСМЕТУВА СО ДАНОЧНИ РАЕВИ: Oвие земји одат на „црна листа“
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2017
Европската Унија уште следниот месец на „црна листа“ ќе ја стави Турција, а листата ќе се прошири со уште 36 земји.
Меѓу нив се Србија, Ерменија, Кукови острови, Маршалски острови, Тунис и Панама. Групата за кодекс однесување може да им препорача на министерствата за финансии на ЕУ на 5 декември на „црната листа“ да ги додадат државите кои не одговориле на барањата.
Ако Турција биде ставена на листата, многу инвеститори ќе се воздржат од инвестирање во земјата.
Многу земји меѓу кои е и Франција, поддржуваат казни за овие земји така што ќе бидат исклучени од меѓународниот финансиски пазар.