(ВИДЕО) Еве како е во Бугарија, 500 возила завеани
Објавено во: Балкан 31 Декември, 2016
500 автомобили кај Бургас се завеани.
Снежно невреме ја зафати Бугарија непосредно пред дочекот на Новата година.
Десетици луѓе се евакуирани, мајки со деца, трудници, а има и луѓе кои не сакаат да ги напуштат возилата.
До застојот дошло откако во верижен судар учествувале 35 автомобили и еден камион кои го блокирале патот.
Гувернерот на Бургас, Вулчо Чолаков, прогласи вонредна состојба во тој регион.