(ВИДЕО) Еве каква ракета лансираше Пјонгјанг
Објавено во: Свет 15 Мај, 2017
Последното тестирање на балистичка ракета што го спроведе Северна Кореја е предизвикано од паранојата на лидерот на таа земја Ким Јонг Ун, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли.
Таа вели дека со ваквите потези Северна Кореја ги намалува своите шанси за директни преговори со Вашингтон.
„Тестирањето на ракети не е начин да се дојде до средба со претседателот на САД Доналд Трамп бидејќи тој нема да се согласи на тоа. Сѐ додека Ким Јонг Ун не ги прифати нашите услови, нема да се случи средба со него“- изјави Хејли.
Северна Кореја вчера лансираше нов тип ракета која може да носи голема нуклеарна боева глава. Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун „вети“ нови нуклеарни и ракетни тестирања. Тој се закани дека севернокорејското оружје може да го погоди американското копно и пацифичкиот брег.
Вашингтон постојано ја предупредува Северна Кореја да престане со провокациите.