(ВИДЕО) ЕВРОПА ТРЕПЕРИ: Ураганот Офелија однесе и жртви, луѓето го чекаат најлошото
Објавено во: Свет 16 Октомври, 2017
Ураганот Офелија забрзано се движи кон Велика Британија и се очекува прво да „удри“ во Ирска.
Едно лице загина откако дрво падна врз автомобил во местото Дундалк во Ирска. Се работи за жена на возраст од 20 години.
Со оваа жртва бројот на загинати порасна на три.
Утре училиштата во земјата нема да работат поради ураганот.
Во Балибрад маж од 30 години загинал откако со моторна пила сакал да отстрани паднато дрво.
Ветрот корне дрвја, околу 120.000 луѓе се без струја, а ветрот создаде бранови високи и до 10 метри.
Службите предупредуваат дека овие удари на ветерот се опасни по живот.