(ВИДЕО) ЕВРОПА ЗА ВИКЕНДОТ ЈА ЧЕКА ВРЕМЕНСКА БОМБА: По Офелија доаѓа Брајан
Објавено во: Свет 18 Октомври, 2017
Во сабота во 9 часот Велика Британија ќе ја погоди бурата Брајан со ветер со брзина од 128 км на час.
Оваа бура помоќна од Офелија ќе ја погоди земјата, предвидуваат метеоролозите.
Се очекува Брајан да урива дрва и да уништи објекти.
Според Дејли Експрес, Брајан за разлика од Офелија ќе ја зафати целата земја.
На запад и југозапад граѓаните се предупредени дека ќе има големи бранови и треба да преземат мерки за да се заштитат од поплави.
Силни ветрови ќе има на југот и западот од Англија.