16 Април, 2024
0.0261

(ВИДЕО ФАКТОР24) Блерим Река: Македонците имаат суфицит на етнички национализам а дефицит на државен патриотизам

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Контурите на идната влада се поставени. Мандатарот Зоран Заев до крајот на неделава, најверојатно и официјално ќе ги промовира идните министри. Се очекува во текот на идната седница, спикерот Џафери да закаже седница на која ќе се избере новата влада. 

Досегашниот премиер Никола Груевски како да не може да се помири со фактот дека повеќе не е дел од извршината власт, па бара од техничките министри во владата на Димитриев да му реферираат за досегашните проекти. 

Специјалното јавно обвинителство во меѓувреме отвори три нови предмети од кои во два првоосомничен е лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

Катица Јанева побара замрзнување на имотот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Во синоќешната емисија на ФАКТОР24 гостуваа екс пратеникот и висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, иден амбасадор на Македонија во ЕУ Александар Николовски, екс македонскиот амбасадор во ЕУ Блерим Река и поранешниот специјален владин претставник во ЕУ Дејан Ѓоршоски.

„За жал СЈО е фокусирано само на една политичка партија, на ВМРО ДПМНЕ, одреден број на луѓе, кои се во раководството и тоа е еден впечаток кој што не може да се избегне. Она што можам да го кажам во однос на ВМРО ДПМНЕ е дека партијата работи согласно македонските закони и се финансира на ист начин како што се финансираат сите политички партии во Македонија. 

СДСМ го напаѓа ВМРО ДПМНЕ употребувајќи го Специјалното јавно обвинителство. Никола Груевски има мандат и е избран на конгрес и во овој момент не гледам ниту една причина зошто би се случила промена на претседателското место. Груевски и во наредниот период ќе остане лидер на ВМРО ДПМНЕ“-ова се дел од поентите изјавени од екс пратеникот и висок функционер на ВМРО ДПМНЕ, иден амбасадор на Македонија во ЕУ Александар Николовски кои можевте да ги слушнете во синоќешната емисија на Фактор.24 .

Екс македонскиот амбасадор во ЕУ Блерим Река вели дека двегодишната политичка криза е битка меѓу брзите избори и спората правда. 

„Пржинскиот договор и препораките од Прибе за жал морам да констатирам од досегашната власт беа третирани како мени „а ла кард“ од кое тие го извлекуваа она што им одговараше но не и тоа што требаше да го спроведат и затоа тие се концентрираа на што побрзи избори и да се формира влада за да се одложи функционирањето на специјалното јавно обвинителство“.

„Проблемот кај Македонците е што имаат суфицит на етнички национализам а со жалење констатирам дефицит на државен патриотизам. Се плашам дека од преголема љубов кон нацијата можат да ја изгубат државата“, вели Блерим.

На 27 април тој вели дека Македонија имала два народи, наислниот народ кој удираше врз избраниот народ кој крвавеше.

Река смета дека е крајно време Македонија да го смени целиот ментален склоп и  да формира општество во кое сите ќе бидат рамноправни.

Целата емисија може да ја погледнете во видеото:


Фактор24 е економско-политички магазин во изработка на порталот Фактор.мк

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

Владата донесе одлука за унапредување на статусот на специјализантите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За една година се затворени 14 училишта

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

(ВИДЕО) СЕ ОГЛАСИ ЗАЕВ: Упати порака до граѓаните

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта