(ВИДЕО) ФАТАЛНИ ШПИОНКИ: Уапсена и втората жена убиец на братот на Ким Џонг ун
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2017
Малезиската полиција ја уапсила и втората жена осомничена за убиството на полубратот на севернокорејскиот водач Ким Џонг ун.
Полицијата потврдила дека апсењето на девојката (25) со индонезиски пасош на име Сити Аиша во четвртокот утрово е поврзано со смртта на Ким Џонг нам.
Жената е идентификувана на видеото од меѓународниот аеродром во Куала Лампур каде Ким умрел и била сама при апсењето, се наведува во изјавата.
Малезискиот полициски претставник Фазил Ахмат во средата изјавил дека Ким Џон Нем (45) е отруен во понеделникот утрото еден час пред качување на летот за Мароко.
Бидејќи се извршени сите полициски и медицински процедури на малезиските власти, можат преку севернокорејската амбасада телото на Ким Џонг нем да го предадат на семејството, рекол денеска потпретседателот на малезиската влада Ахмад Захид Хамиди.
Потврдил дека мажот кој е убиен на аеродромот во Куала Лампур е навистина полубратот на севернокорејскиот лидер.
„Имал два различни документи, веројатно лажен документ и вистински пасош“, додал Хамиди.