25 Април, 2024
0.0269

(ВИДЕО) Фатиме Фетаи: Решив животот да не ме води мене, туку јас него

Објавено во: Стил 09 Март, 2017

Добивај вести на Viber

„Цврсто сум убедена дека вложувањето во себе, во вашето образование, во изградбата на вашата личност е најголемата инвестиција“. 

Со оваа реченица специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи ја започна приказната за себе на трибината во ЕУ инфо центарот по повод 8-ми март.

Инспиративната приказна од животот на оваа харизматична жена турна од столче многумина.

Нејзиниот живот наликува како на лик од книга на Марк Твен. Се мажи на 17 год, бидејќи се заљубила во сините очи на нејзиниот сегашен сопруг. Во гостиварско конзервативно село каде било срамота жена да вози автомобил. 

Во тоа време, како што раскажува сама се "специјализира" за домаќинка, носела дури и димии..потоа решава да биде своја, се запишува на Правниот факултет, вонредно, раѓа дете, учи, студира..! Раѓа второ, учи ноќе, сонува за високи позиции, за судија, обвинител...

Таа е човек, она што го сака доволно силно, го проектира во глава и го добива !
Научете од неа дека амбицијата не е грев. Напротив.

„Решив животот да не ме води мене, туку јас него..секогаш треба да се трудиме да бидеме најдобрата верзија од себеси“, вели Фатиме Фетаи.

Целата нејзина приказна може да ја изгледате во видеото подолу со кликнување на истото.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти