20 Април, 2024
0.0269

(ВИДЕО-ФОТО) Им досадил животот во Германија: На нивниот нов дом сега и вие би им завиделе!

Објавено во: Стил 22 Април, 2017

Добивај вести на Viber

На Селма Таиби и нејзиниот дечко Феликс Старк им досадил животот во Берлин,па одлучиле драстично да го променат својот живот.

Купиле стар школски автобус, го преуредиле во свој дом, го качиле кучето Руди и тргнале во авантура. Одлучиле да патуваат, а желбата ги однела дури на турнеја од Алјаска до Мексико.


 Автобусот долг речиси 12 метри го пронашле на интернет. Цената му била прифатлива - го платиле околу 8 700 евра. Се во него уредиле сами или со помош на пријателите. Совети како што да направат барале и на интернет.

Им требале 12 недели за да го завршат целосно. Го офарбале однадвор, а внатрешноста ја направиле толку убава да изгледа како вистински дом. Имаат се што им треба за живот.


Тргнале на пат, но морале да направат пауза кога кучето Руди им се разболело. Сега е добро, па веќе смислуваат што понатаму.

Патот од Алјаска до Мексико се претворил на крај во снимање на документарец „Expedition Happiness“ кој во странските кина ќе се прикажува од 4 мај.

Погледнете во видеото како го уредиле автобусот:


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган