18 Април, 2024
0.0277

(ВИДЕО-ФОТО) Кога овде падне ноќ, има магија: Ѕвезди и на небо и во море!

Објавено во: Стил 02 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

На плажите во Австралија, Тајланд, Виетнам, Порторико, и Јамајка морето и океаните знаат да приредат вистински ноќен спектакл.

Светликави бранови кои го плискаат брегот многумина ги споредуваат со ѕвездите во морето. За таа појава воглавно се „виновни“ фитопланктоните кои ги активира судирот на бранови или човечки контакт, како што е на пример шетање по плажа.

Биолуминисценијата, односно создавањето на светлост со помош на молекули од сопственото тело, е карактеристична за битија од морските длабочини. Бидејќи никој не може да им запали светло, самите ја развиле таа способност како би можеле снаодливо да го искористат мрачното морско море.

Биолуминисценијата е резултат на хемиската реакција во која молекулот луциферин реагира со кислород при што се ослободува светлина, а брзината на реакцијата варира во зависност од ензимите. Понекогаш прекрасните светла во морето може да бидат знак на нечистотија, бидејќи настануваат поттикнати од хемиски реакции во загадени услови.

Но тоа не е случај на Малдивите каде плавулестите бои секогаш повторно ги воодушевуваат посетителите кои создаваат фотографии за памтење. Експертите заклучиле дека таму за "light show" не се виновни биолуминисцентните фитопланктони, туку ракчињата помали од милиметар. За разлика од фитопланктоните кои засветуваат само на секунда, малите рекордери работат и повеќе од минута.


Се смета дека неонското светло настанува како резултат на љубовните игри односно

додворување. Ракчињата се моткаат околу 26 атоли кои ја сочинуваат Република Малдиви, па нема точен патоказ каде треба да се бара флуоросцетното море, туку да отидете на ноќно капење и да ги барате.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре