24 Април, 2024
0.0334

(ВИДЕО-ФОТО) МЕСТО ВО КОЕ НЕМА НИТУ ЕДЕН ПАТ: Живот како во бајка-каде сите патуваат вака!

Објавено во: Стил 20 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Заборавете на Венеција, во Холандија се наоѓа мирно село кое целосно се наоѓа под вода, а животот таму е како од бајка.

Идиличниот Гитхорн нема патишта или автомобили, а единствен пристап до чудесните куќи и згради е крстарење по преубавите канали или шетање преку 176 дрвени мостови.

Дури и поштарите наводно, ги извршуваат своите работи со бротчиња.

Во таа област живеат околу 2 600 жители.

Гитхорн е основан во средниот век, поточно околу 1 230 година, кога во овој дел на Европа стигнале бегалците од Медитеранот.

Посетителите се присилени да ги остават автомобилите надвор од селото, а потоа патуваат со чамци кои имаа безшумни мотори, пеш или на велосипед.

Ова село го добило прекарот Венеција од Холандија.

Посебно е интересно тоа што туризмот имал исклучително мало влијание на развојот на Гитхорн , кој учте го чува својот стар изглед.

Во него може да се видат голем број еднокатници со традиционални изгледи, од кои некои се стари и по двесте години.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган