(ВИДЕО-ФОТО) ПО 10 ГОДИНИ ДОЗНАЛА ШТО И РАБОТАТ ДЕЦАТА ЗАД ГРБ: Шок кој не го очекува ниту една мајка!
Објавено во: Стил 30 Декември, 2016
Откако полни 10 години штеделе, браќата Наст на својата мајка во знак на благодарност и подариле автомобил за кој отсекогаш сонувала.
„Мал подарок со кој на мајка ни сакаме да и се заблагодариме за се што направила за мене и Џејсон. Веќе 10 години ова сакам да го направам, а сега сонот стана реалност“, напишал Даниел Наст од Сиднеј.
„Напорната работа се исплати, а тоа е она на што мама не учеше од мали нозе. Нема никогаш да го заборавам тоа“, додал тој.
Даниел и Џејсон објавија на Инстаграм видео на кое се гледа како и покажуваат на мајка им BMW 3 замоткан со црвена украсна панделка, кој го сокриле во гаража.
„Еј мамо, знаеш како со години сонуваше за BMW? Нов автомобил? Во гаража имаме нешто за тебе“, и вели Даниел на мајка си покажувајќи и во правец на гаражата.
Видно возбудена и изненадена, мајката повторува: „Не, немојте тоа да ми го правите“.
„Во споредба со она што за нас го направила, ова не е ништо“, рекле двајцата синови.
Корисниците на инстаграм воодушевено им честитале на момците на дарежливоста и грижата за мајка им. Многумина признале дека видеото им донело солзи на очи, а погледнете и зошто:
Видеото може да го погледнете тука.