(ВИДЕО-ФОТО) Поплавите во Грција-„библиска несреќа“, водената стихија однесе 15 животи
Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2017
Бројот на загинати во поплавите во близина на Атина порасна на 15, додека 17 лица се повредени, а грчкиот премиер Алксис Ципрас прогласи национална жалост.
-Ова се многу тешки моменти за Грција. Преживуваме голема катастрофа-рекол Ципрас во обраќањето до јавноста.
Меѓу загинатите се 10 мажи и пет жени, додека 11 мажи и шест жени се повредени.
Многумина останаа без кров на глава бидејќи водена стихија поплави два крајбрежни градови Неа Перамос и Мандра, западно од грчкиот главен град, после обилните врнежи кои врнеле цела ноќ.
Некои жители биле приморани да се качат на крововите и балконите, додека поплавата носела многу автомобили уривајќи ги ѕидовите на куќите.
„Ова е библиска несреќа...Се исчезна“, рекла градоначалничката на Мандра Јана Крикуку, пренесува телевизија ЕРТ.
Властите ги затворија училиштата во атински области на Мадра, Неа Перамоса и Мегаре, додека е невозможно да се пријде до некои делови од автопатот Атина-Коринт кој оди низ тој дел од Грција.
ФОТО: EPA