29 Март, 2024
0.0454

(ВИДЕО-ФОТО) ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: Човекот има уште еден орган за кој досега не се знаеше...што е мезентериумот?

Објавено во: Стил 04 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Новиот орган во човечкиот организам и официјално го доби името мезентериум и се наоѓа во дигестивниот тракт. Неговата структура е добро позната, а за функцијата не се знае многу.

Мезентериумот всушност е двослоен вреќест превој што ги поврзува цревата со задниот дел на абдоминалната празнина.


Анатомскиот опис кој веќе 100 години се наоѓа во литературата не бил целосно точен. Долго се мислело дека мезентериумот е составен од фрагментирани структури.

„Овој орган е далеку од простата низа неповрзани посебни делови, тоа е една структура“, објаснува Калвин Кофи, професор по хирургија од Универзитетската болница Лимерик во Ирска.


Според неговите зборови, објаснена е анатомијата на структурата, а иден чекор е да се објасни неговата функција.

„Ако ја разбирате функцијата, можете да ја препознаете неправилноста во работата и тогаш имате болест. Спојте го сето тоа заедно и ќе добиете цела нова гранка во медицината“, додава Кофи.

Веста за неговото откритие е објавена во магазинот „The Lancet Gastroenterology & Hepatology“.

Студентите по медицина и научниците сега вниманието ќе го насочат на истражување на улогата на мезентериумот во абдоминалните заболувања.