(ВИДЕО-ФОТО) Ураганот Ирма го уништи островот на милијардерот Ричард Бренсон
Објавено во: Свет 11 Септември, 2017
Ураганот Ирма му нанесе огромна штета на Некер, островот на милијардерот Ричард Бренсон.
Некер е еден од 50 Британски Девствени Острови. Најблиските до него, исто така, се сериозно уништени по ураганот.
Ураганот однесе животи на пет лица на Британските Девствени Острови. Властите се свртеа кон Велика Британија за помош. Самиот Бренсон и неговите роднини и офицери беа во Некер кога бурата удри, но се неповредени.
Милијардерот напиша на Instagram дека преку својата фондација ќе собере средства за долгорочни проекти за реконструкција на островот.
Вака изгледаше островот пред да го погоди ураганот
.А вака после ураганот...