(ВИДЕО-ФОТО) Жесток земјотрес удри во Фиџи и предизвика евакуација
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2017
Земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер го погоди брегот на Фиџи, јави Американскиот институт за геолошки истражувања.
Епицентарот на потресот се наоѓа 221 километар југоисточно од Надија, на длабочина од 15.2 км.
Надлежните предупредија на опасност од цунами кое би можело да ги погоди сите брегови на оддалеченост до 300 км од епицентарот на потресот.
Граѓаните се евакуирани.
Од тој центар додаваат дека Хаваите не се во опасност.