19 Април, 2024
0.0299

(ВИДЕО) ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО ОД ВСЕЛЕНАТА: Астронаутите во прва прошетка оваа година!

Објавено во: Свет 06 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Командантот на Експедиција 50 Шејн Кимбро и инженерот Пеги Вилсон, и двајцата астронаути на НАСА, појдоа во прва вселенска прошетка надвор од Меѓународната вселенска станица оваа година.

Астронаутите денес излегоа во веселенска прошетка како би прикачиле нови батерии на струјната мрежа на  Меѓународната вселенска станица. Пред да излезат, командантот Шејн Кимбро и Пеги Витсон, имале помош од робот кој го направил најтешкиот дел од работата.


Контролорите на летот од Хјустон во текот на целата мината недела управуваа со роботот, оддалечен 400 км, кој ги менуваше повеќе од десет години старите никел-хидроген батерии и ставаше нови литиум-јонски. Ракувањето со тие батерии, од кои секоја е голема колку фрижидер, било многу незгодно и бавно.

Денес Кимбро и Витсон имале задача да ги спојат трите нови батерии кои минатиот месец ги испорача Јапонија. Следниот петок ќе бидат приклучени уште три во рамки на проектот за промена на батерии на соларниот систем на станицата.

Наса очекува дека ќе бидат потребни 2-3 години за да се променат сите 48-никел-хидроген батерии кои го сочинуваат соларниот систем за напојување на струја. Новите, литиум-јонски батерии, толку се ефикасни што ќе бидат потребно двојно помалку, со што ќе се заштеди простор.

Можеби ќе ве интересира

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“