(ВИДЕО) Халкидики пламна, огнот им се заканува на куќите
Објавено во: Балкан 22 Септември, 2017
На Халкидики во Грција денеска изби голем шумски пожар. Пламенот го покрива полуостровот Касандра, во областа Мола Калива.
Огнот се заканува да зафати и изгори многу куќи. Пожарникарите го гасат пожарот, но силниот ветер го спречува гаснењето на огнот.