(ВИДЕО) ХОЛАНДИЈА: Стебло се скрши пред жена со бебе
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2018
Ветровит ден во Холандија не е реткост во овој период од годината, така што мајките не се плашат да ги изнесат на прошетка своите бебеиња.
Тоа се случи и со мајката од снимката, која не забележа дека огромното дрво во нејзина близина сериозно се ниша, туку со количка го возеше детето на само десетина метри од него.
Ветрот уште еднаш го заниша стеблото и тоа се скрши точно пред мајката и бебето.Но, тие поминаа без никакви повреди. Невреме беснее во повеќе европски земји, при што загинаа неколку луѓе.