29 Март, 2024
0.0239

(ВИДЕО) iPhone X најкршливиот паметен телефон на Епл досега?

Објавено во: Стил 09 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

По серија од шест есенски тестови на iPhone X, осигурителната компанија SquareTrade изрече тешкo oбвинување. 

Јублилејниот iPhone X е "најкршливиот, најскапиот и со најскапа поправка на iPhone досега", пренесува 9to5mac.

Евалуацијата доаѓа неколку дена откако долгоочекуваниот уред официјално го зазеде местото на полиците.

Веста не е навистина големо изненадување, со оглед на фактот дека уредот доаѓа со стаклен преден и заден дел. Самиот материјал е многу послаб и имплицира поголема кршливост. Освен тоа, Епл предупреди пред неколку дена за можни проблеми со новиот OLED дисплеј.

Од видеото подолу, јасно е дека iPhone X претрпе катастрофален неуспех во првиот тест.