ВИДЕО: „Исламска држава" го брани Мосул со бомби со живи скорпии
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2016
Терористи од групата „Исламска држава" се подготвени за заштита на ирачкиот град Мосул, користејќи бомби полни со живи скорпии.
Ова го соопшти членот на Демократската партија на Курдистан, Хошави Бабакр.
Северниот ирачки град се смета за престолнина на калифатот, а операцијата за негово ослободување започна во понеделникот.
Бабакр наведува дека џихадистите закачиле експлозиви и на домашни животни.
Во меѓувреме ирачките сили "напредуваат побрзо од очекуваното" кон Мосул, изјави ирачкиот премиер Хајдер ал Абад по видеоконференција пред меѓународен форум за иднината на Мосул.
По денешните разговори ќе има нова средба во Париз идниот вторник, кога министрите на земјите вклучени во меѓународната коалиција, ќе проценат што е постигнато досега во офанзивата против Мосул.