ВИДЕО: „Исламска држава" го задушува Мосул со нафта
Објавено во: Свет 28 Октомври, 2016
Групата „Исламска држава“ возвраќа на офанзивата, од почетокот на која се ликвидирани 772 терористи, 23 се земени во заробеништво, уништени се 127 автомобили-бомби и 30 минометни лансери.
„Исламска држава"(ИД) ги запали нафтените бунари блиску до ирачкиот град Мосул, кој се смета за нивна престолнина.
Во северниот град од 17 октомври започна офанзива за чистење на џихадистите.
Запалени биле нафтоводи во градот Кајра, јужно од Мосул.
Над градот се издига густ црн чад, што го отежнува движењето на копнени сили и го загрозува здравјето на цивилното население.
Вториот по големина град во Ирак, со население од 1,3 милиони луѓе, повеќе од две години е под контрола на ИД.