(ВИДЕО) Иванов расположен на средбата со Хојт Ји
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2017
Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји претпладнево имаше средба со шефот на државата.
Хојт Ји заедно со американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли дојде во претседателската вила на Водно.
Засега не се знае епилогот од средбата, но се очекуваше дипломатот да му ја пренесе пораката на Иванов дека САД даваат целосна поддршка на новиот собраниски претседател.
Во фокус на разговорите кои Хојт Ји ги има со македонските политичари е нивниот ангажман во насока на решавање на политичката криза.
Во моментов според информации до кои дојде Фактор, Хојт Ји е на средба со новоизбраниот собраниски спикер во Собранието Талат Џафери.
Денеска тој ќе има средби и со Груевски, Заев, како и со претставници од граѓанскиот сектор.