(ВИДЕО) Како Алек Болдвин го исмеваше Трамп?
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2017
Неколку илјади луѓе дојдоа на протестот во Њујорк синоќа пред зградата на Трамп, по повод инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД.
Меѓу нив имаше голем број политичари и холивудски ѕвезди.
Еден од нив беше и Алек Болдвин, кој повеќепати досега јавно го имитираше и го исмеваше Трамп. Тој отворено покажуваше дека не ги поддржува неговите ставови и политика. Неговите имитации на 45-от .претседател на САД станаа хит на социјалните мрежи.
Говорот на Болдвин беше реакција на скандалозните тврдења дека постојат снимки на оргии на Трамп со проститутки по кои наводно уринирал.
Трамп денеска и официјално ќе ја преземе функцијата претседател на една од најмоќните држави во светот.