(ВИДEO) КАКО БЕА ДОЧЕКАНИ: Трамп влезе во Белата куќа, Меланија блескаше покрај него!
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2017
Сите очи во моментов се вперени кон Америка и Доналд Трамп.
Новиот американски претседател Доналд Трамп влезе денес пред 16 часот во Белата куќа, каде го дочека Барак Обама со сопругата Мишел.
Трамп се поздрави со семејството Обама, а Меланија која блескаше во нежно плава комбинација и предаде подарок на Мишел спакуван во Тифани плава кутија.
Таа го прифати подарокот, збунувајќи се, после што сите се фотографираа додека некој од персоналот го однесе подарокот.
Погледнете како изгледаше тоа:
Целата церемонија уште трае па ако сакате можете да ја следите во живо: