29 Март, 2024
0.0249

Видео: Како Бил Гејтс ја замислува иднината на мобилните плаќања?

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Технолошкиот иноватор и визионер Бил Гејтс смета дека мобилните плаќања како и развојот на системи за електронски банкарски сметки се еден од клучот за унапредување на економијата, особено во посиромашните земји.

Тој смета дека постои голема шанса во блиска иднина секој да има едноставен и лесен пристап до електронски банкарски услуги кои ќе им овозможат на земјите во развој дополнителни бенефиции, подобро менаџирање на паричните средства, поголеми инвестиции и раст на економијата.

Бил Гејтс како одличен пример зема неколку земји од Азија и Африка кои на прв поглед некој би ги потценил, но кај нив многу рано започна да се развиваат електронските услуги и бесконтактни плаќања само со допир на паметниот мобилен телефон.

Интересно е што неговата сопруга Мелинда со која заедно ја водат Гејтс фондацијата се обложиле дека наскоро речиси сите ќе имаат мобилна банкарска сметка. Бил Гејтс верува и дека со подобро менаџирање на личните финансии многу лесно може да се промовира претприемништвото и развивањето на ефикасни бизнис идеи кои ќе ја подобрат економската состојба и финансиска независност на многу луѓе низ планетата.

Визијата на Гејтс како и облогот со неговата сопруга се на вистински пат да се остварат па тоа треба да послужи и како мотив за финансиските и општествените институции посериозно да се ангажираат во креирање на модерни платежни решенија за своите корисници и граѓани за попросперитетна иднина.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат