(ВИДЕО) КАКО Е ДА СЕ ЖИВЕЕ СО АРАПИ ВО БИХ: Луѓето ги откриваат своите искуства
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2017
Се продаваат нови куќи, деловни простории, но и урнатини.
За сето тоа Арапите не штедат пари, но важно им е имотите да се изолирани.
Арапите не се откажуваат од купување на имоти во БиХ. Само во Иљаш за една година „никнаа“ две арапски населби.
Селото Поповиќи во кое живееше мнозинство српско население, денес е елитно и во него можат да влезат само луѓе од Кувајт.
На постарите мештани доаѓањето на Арапите не им се допаѓа, а младите кои се без работа со нив прават бизнис.
Студентот Един Смајиќ ги вози по БиХ и заработува по 100 евра дневно. Вели дека најчесто патуваат до Мостар, а услов за нив е возилото да има клима и возачот да знае англиски јазик.
Вели дека со возачот зборува само главата на семејството. Студентот додава дека нивните жени никој не може да ги види, затоа што се покриени.
Други пак раскажуваат дека месец - два Арапите се тука, а потоа заминуваат и куќите им се празни.