29 Март, 2024
0.0294

Видео: Како работат и функционираат програмите за намалување на штети од употребата на дроги

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Суштински дел од програмите за намалување на штетите од употреба на дроги се самите центри што активно функционираат во Скопје и други 13 градови низ државата. Овие центри, преку работата на активистите ги спроведуваат програмите што придонесоа за сведување на минимум на негативните ефекти произлезени од употребата на дроги. Нивната работа најдобро ја претставува краткото видео каде се опфатени сите проблеми кои може да настанат доколку корисницитена дроги бидат препуштени на самите себе, и спротивно на тоа, бенефитите од работата на центрите. Видеото, достапно на линкот ги објаснува програмите кои доведоа  до спасување на многу животи.


Со секојдневна комуникација, следење и советување на корисниците на дроги во последниве десет години во Македонија се евидентирани само два нови случаи на ХИВ како резултат на инјектирање дроги, а помалку од 5% од вкупно 315 регистрирани случаи со ХИВ биле луѓе кои инјектираат дроги. Овие бројки се далеку помали за разлика од состојбите во другите земји, соседи на Македонија. Македонија е со најниска стапка на ХИВ во регионот на Југоисточна Европа.

Со цел продолжување на финансирањето и работата на овие програми, здружението ХОПС заедно со Платформата за одржливост на програмите за превенција и поддршка на ХИВ во која членуваат 16 здруженија на граѓани, започна кампања наречена „Со клучни одлуки до здрава заедница“. Целта на кампањата е подигнување на свеста и активација на институциите за одржливост на програмите. Како дел од активностите на кампањата е и петицијата за финансирање на програмите за намалување на штетите од буџетот на Република Македонија, со чие потпишување граѓаните можат да ја дадат својата поддршка. 

Петицијата е достапна за онлајн потпишување на линкот

Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија