25 Април, 2024
0.1032

(ВИДЕО) КАЛИФОРНИЈА ЈА ЧЕКА КАТАСТРОФА НА ДЕЦЕНИЈАТА: Небеска река им се заканува да ги поплави!

Објавено во: Свет 07 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Најголемата дожделива бура во последните десет години ќе се случи во текот на викендот во Калифорнија и со големи поплави кои таа американска сојузна држава ја погодуваат од почетокот на зимата би можела да претставува пресвртница после шест години рекордна суша.

Метеоролошките служби предупредија дека вистинска „атмосферска река“ ќе се урне врз нивната држава на американскиот запад. Се очекуваат 36 часа неприкинати дождови и снежни врнежи во „Голден Стејт“ каде небото во изминатите шест години било немилосрдно суво.

„Бура на деценијата? Да, се работи токму за тоа“, рекол Анди Морин, хидролог на Националната метеоролошка служба.


Жителите на Калифорнија кои веќе две години имаат рестрикција во потрошувачката на вода се подготвуваат сега за „потоп“ и соочување со високи водостои, клизишта, рушења на стебла и лавини.

Посебно се загрозени подрачјата кои ги зафатиле пожари во последните години, каде вегетацијата исчезнала па има гола земја. Локалните и сојузните власти мора да ги надгледуваат браните на неколку водени текови, поставуваат вреќи со песок за одбрана од поплави и ги евакуираат опасните зони.

Се очекува голем застој во сообраќајот и делумно затворање на автопатиштата.„Атмосферската река“ ќе го зафати и Орегон, северно од Калифорнија и делумно Невада.


Декември веќе бил изразито влажен, а водите во планините на северна Калифорнија, клучни за снабдевање со вода на целата држава, достигнале дури 30-годишен рекорд.

„Поплавите надминуваат историски просек, на пат сме на рекордна година ако дождот и снегот продолжат вака да паѓаат“, истакнува Даг Карлсон, портпарол на калифорниското одделение за водените извори.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина