25 Април, 2024
0.0254

(ВИДЕО) Кензо Такада го носи мирисот на убавиот живот во Македонија со парфемот Avon Life

Објавено во: Стил 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Avon Products Inc. и светски познатиот дизајнер Кензо Такада го објавуваат лансирањето на новата колекција парфеми Avon Life. 

Avon Life е нов парфем креиран од г-нот Кензо Такада, кој ја рефлектира неговата философија да се Живее Прекрасен Живот. Главната состојка на парфемот - темјанушката, го отсликува чувството на постојана позитивност која лежи во срцето на креациите и личноста на Кензо Такада. Линијата содржи мирис за мажи и мирис за жени и ќе биде во продажба веќе од 1-ви октомври, 2016-та година.

Употребата на темјанушката му дава на мирисот слатка свежина. Одгледана на полињата во Египет и Грас, Франција, популарниот цвет е ценет поради неговите ливчиња, кои се дестилираат во софистицирано парфимирано масло. Мирисот за жени, исто така, содржи и врвна, енергична, цитрусна врвна нота на бел чај и безвременска топлина на цветната, основна нота на цвет од ирис. Мирисот за мажи содржи силна зачинета врвна нота на црн бибери топла, дрвна основна нота на кедрово дрво.

Познат како водечки дизајнер ширум светот, Кензо Такада ја основа истоимената луксузна модна куќа во Париз во 1970та година, со што стана првиот јапонски луксузен бренд со седиште во овој град. Дизајнерот е познат по креирање на иновативни стилови кои ги обединуваат најдобрите елементи од Истокот и Западот.

“Сакав да работам со Avon во создавање на нова колекција која ќе биде достапна за жените жирум светот,” вели Кензо Такада. “Моја најголема радост е цртањето на инспирациите од убавината на светот која ме опкружува и нивното претворање во една комплетно нова реалност. Моето искуство со тимот на AVON ми го овозможи тоа, работејќи со некои од најисклучителните парфимеристи за да се креира линија на мириси кои ќе ја рефлектираат нашата заедничка страст да се живее прекрасен живот.  Парфемите ја содржат убавината и позитивноста и се преполни со раскошот на природата.”


“Кензо Такада ја вгради неговата специфична страст, животна енергија и визија во овој проект”, изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба на AVON Македонија. 

“Личната мантра на Кензо Такада за убавината и позитивноста длабоко се отсликува во вербата на AVON во убавината, оптимизмот и моќта на жената. Г-н Такада лично работеше со тимот на AVON за да го развие секој аспект на овие мириси, од мирисните ноти, па сѐ до дизајнот на шишенцата. Нестрпливи сме да ги споделиме со нашите корисници ширум светот”.


За Avon Life за Неа

Жив и енергичен, овој женски парфем ја содржи слоевитоста на цветните ноти со есенцијата на бел чај, за да создаде мирис кој во исто време е свеж и лесен. Главната состојка е впечатливата темјанушка, која е заслужна за елеганцијата и чистотата на мирисот. Избалансиран со нежни ноти на водна лилија и есенција сакура, мирисот доловува топол и сензуален завршеток и дава неодолива привлечност што трае цел ден.

·  Врвни ноти: водна лилија, бел чај, црвено јаболко

·  Средни ноти: темјанушка, бел божур, сакура есенција

·  Основни ноти: ирис, амбрета (мошусни) семиња, патчули

За Avon Life за Него

Овој модерен, а сепак впечатлив мажествен мирис содржи рафинирана мешавина од зачинии ароматици. Структурираниот мириссе отвора со нагласените врвни ноти на црн бибер и смрека, пред да се открие топлата срцевина на темјанушката, гераниумот и ѕвездениот анасон. Богатото кедрово дрво ја обезбедува основата, креирајќи мазен, долготраен финиш за целодневен ефект.

·  Врвни ноти: црн бибер, плодови од смрека, кипарис

·  Средни ноти: ливчиња од темјанушка, гераниум, ѕвезден анасон

·  Основни ноти: кедрово дрво, мошус, корен од ирис

Avon Life креиран од Кензо Такада за првпат ќе се најде на страниците на Avon брошурата во Кампања 14. Сите познавачи и љубители на добриот мирис ќе имаат можност да го порачаат парфемот Avon Life за Неа од 50 ml и тоалетната вода Avon Life за Него од 75 ml дизајнирани од Кензо Такада, во комплет со парфимиран спреј и лосион за тело, односно спреј за тело и шампон/гел за туширање, по специјална промотивна цена од 1550 денари, веќе од 1ви октомври!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган