(ВИДЕО) КИНА ПО СТАПКИТЕ НА ШАНГАЈ И ДУБАИ: Воведува метро линија без возач
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2017
Пекинг во почетокот на 2018 година ќе ја добие првата метро линија без возач, која на 14 км долга траса ќе има осум станици.
Кога ќе проработи оваа линија, главниот град на Кина ќе им се придружи на Шангај, Париз и Дубаи, каде ваквите метро-возови веќе превезуваат патници.
До 2020 година властите во Пекинг планираат мрежата на метрото да достигне 1 000 км, а до крајот на оваа година да помине 600 км.