Видео: Кит од 40 тони скокна целосно од вода
Објавено во: Свет 26 Јули, 2017
Грбав кит кој се проценува дека тежи околу 40 тони изведе неверојатен скок целосно над водата. Кратката снимка ја направи Крег Кејпхарт во близина на брегот на Јужна Африка кој вели дека често забележува како ајкули, делфини и китови прават скокови, но ова е неверојатна глетка, речиси никогаш не е снимен возрасен грбав кит како се издигнува од океанот.