(ВИДЕО) ЌЕ НИКНЕ НЕВЕРОЈАТЕН ТУНЕЛ: Светот вакво нешто не видел а Норвешка ќе вложи 250 милиони евра во него
Објавено во: Свет 29 Март, 2017
Полуостровот Стад во Норвешка го има еден од најопасните брегови. Поради тоа Норвешка одлучила да изгради 1,7 км долг „бродски тунел“.
Овој остров е место на спојување на Норвешкото и Северно море , а бурното време и немирно море ги однеле животите на десетина морнари во текот на последните неколку децении.
Еден таков проблем е доволна причина зошто Норвешката крајбрежна агенција сака да вложи 250 милиони евра како би изградила 1,7 км долг бродски тунел кој би отворил безбедносен премин за комерцијални пловила.
Бродскиот тунел би бил проектиран за да може да превезува дури и масивни норвешни Hurtigruten крстарици. Тунелот затоа би бил речиси висок 45 метри, широк 35 метри и скоро 2 км долг.
Норвешкиот парламент веќе издвои околу 110 милиони евра за проектот Национален сообраќаен план за периодот 2014-2023.
Доколку проектот добие одобрение од владата , изградбата ќе почне во 2018 година.