Видео: Кога ќе падне -50 ослободени се од школо во ова сибирско село
Објавено во: Свет 17 Јануари, 2018
Жителите на Ојмјакон се едни од најжилавите на планетата со оглед на тоа што за нив температури од -30 се сосема нормалнa појава. Ова сибирско село важи за едно од најстудените населени места во светот каде има постојана популација.
Така кога температурите ќе се спуштат на -50 степени на учениците им е дозволено да не ја посетуваат наставата во училиштето.
Последната рекордна измерена температура изнесува -62 Целзиусови степени, но дигиталниот мерач престанува да работи штом стигне до оваа екстремна граница, па се претпоставува дека е уште поладно.