ВИДЕО: Колку домови ураганот Метју остави без струја?
Објавено во: Свет 08 Октомври, 2016
Oколо 600 000 домови во Флорида останаа без струја деновиве поради ураганот Метју.
Се очекува нивниот број да се зголеми, рече на прес-конференција гувернерот Рик Скот, цитиран од Ројтерс.
Еден од погодените области во Флорида е општина Бревард, источно од градот Орландо на атлантското крајбрежје. Таму без струја се 146.000 домаќинства.
Епицентарот на ураганот се движи во близина на источното крајбрежје на Флорида во северна насока, откако бурата предизвика смрт на стотици луѓе во Хаити.
Скот предупреди дека постои ризик од значителни поплави во регионот на Џексонвил како последица од поројните дождови и силните ветрови.