(ВИДЕО) Крвав напад во црква во Тексас
Објавено во: Свет 05 Ноември, 2017
При напад во црква во близина на Сан Антонио во сојузната американска држава Тексас денеска најмалку 27 луѓе загинаа, а 15 се ранети.
Локалните медиуми јавуваат дека вооружен маж влегол во објект на Првата баптистичка црква и пукал во присустните. Локалната телевизија КСАТ јави дека и убиецот е мртов.
Но според Си ен ен не се знае дали непознатиот маж извршил самоубиство или е убиен во полициската акција.
Портпаролката на канцеларијата на ФБИ во Сан Антонио, Мишел Ли изјави дека на самото место се повикани агенти на ФБИ.
Претходно на лице место пристигнала и локалната полиција. Инцидентот според очевидци се случил во Првата баптистичка црква. Сведокот кој е продавач на бензинската пумпа спроти црквата, изјавил дека слушнал околу 20 истрели за време на црковната миса.