(ВИДЕО) Ледена Европа, еве како изгледа
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2017
Ладниот бран во Европа однесе многу животи, починаа бездомници и мигранти.
Во Полска премрзнаа уште 10 луѓе, со што бројот на жртви се искачи на 65.
Во некои региони во оваа земја температурите се -20 степени.
И Грција и Италија се соочуваат со истиот проблем, и таму има смртни случаи.
Грција на своја територија има 60.000 сириски бегалци и голем дел од нив ги смести во шатори и импровизирани населби со греење.
Трети ден снег во Истанбул со што е парализиран сообраќајот.
Босфор е затворен за бродови, а стотина летови се откажани.
Во Истанбул дел од училиштата се затворени.
Училишта се затворени во Сибир и Москва.