20 Април, 2024
0.0267

(ВИДЕО) МАДОНА СО СКАНДАЛОЗНИ ИЗЈАВИ ПРОТИВ ТРАМП: Планирала да ја крене Белата куќа во воздух?!

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Тајната служба чија цела е да се грижи за безбедноста на претседателот на Америка ќе покрене истрага против пеачката Мадона (58) која изјавила дека сака да ја крене Белата куќа во воздух.

Кралицата на поп музиката на протестот во Вашингтон продолжила со грди зборови да го навредува 45-от претседател на Америка.

Женски марш е одржан во повеќе американски  градови ден после инаугурацијата на Доналд Трамп.


Обраќајќи им се на присутните Мадона пцуела, поради што телевизиите кои директно го пренесувале протестот биле принудени да им се извинуваат на своите гледачи.

„Бесна сум. Да , многу размислував за тоа да ја кренам Белата куќа во воздух. Дури и ако знам дека тоа нема ништо да промени. Но не смееме да паднеме во очај“, порача популарната пеачка.

На реакцијата на надлежните не се чекаше долго. Од тајната служба е потврдено дека е покрената истрага:

„Свесни сме на коментарот кој Мадона го искажа. Конечната одлука за тоа дали против неа ќе биде покренато обвинение зависи од канцеларијата на главниот обвинител“, соопштено е од Тајната служба.


Пеачката во пресрет на изборите во САД им понуди орален секс на сите кои ќе гласаат против Трамп. Дека не го изгуби само Мадона компасот со непристојно однесување навредувајќи го Трамп , покажа и глумицата Ешли Џад.

Таа го обвини новиот американски претседател на САД дека не ги почитува жените и дека има влажни соништа за својата ќерка Иванка. Во маршот на жените против Трамп учествуваа и Мар Мур, Кејти Пери, Скарлет Џонсон и Шарлиз Терон.

 

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато