16 Април, 2024
0.0250

(ВИДЕО) Мајами може да биде под вода - еве како ќе изгледа

Објавено во: Свет 09 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Портпаролот на NHC, и метеоролог Денис Фелтген изјави дека во саботата дека ако Ирма не го погоди директно Мајами, жителите во тој град сепак ќе се најдат во ситуација која е опасна по живот.

Погледнете како Мајами би можел да изгледа во неделата:



Ураганот Ирма стигна и до Куба, и нема сила која може да ја сопре во патот кон Соединетите Американски Држави. Се очекува да во текот на викендот, најверојатно во неделата утрото да удри во Флорида. Ќе има ветрови со брзина од 250 километри на час. Освен тоа, ќе паѓаат и обилни дождови, а брановите ќе бидат високи и по неколку метри.

Во САД веќе со денови, владее вистинска паника. Стотина илјади луѓе се евакуирани во внатрешноста на земјата. Патиштата кои водат надвор од Мајами веќе два дена се целосно блокирани, сите бегаат од градот. На страницата „Climate Central“, објавена е симулација која прикажува како Мајами би можел да изгледа во недела утрото.

Американскиот национален центар за урагани (NHC) соопшти дека разорувачкиот ураган Ирма, е ослабен на категоријата три, но предупреди дека најверојатно повторно ќе се засили на патот кон Флорида, додека гувернерот на државата Рик Скот ги предупреди жителите дека следствено на ураганот на некои места, водата ќе биде четири метри и ќе ги поплави куќите. NHC со седиште во Мајами предупреди дека Ирма ослабела и се очекува да повторно се засили на патот кон јужна Флорида“, пренесе Ројтерс.

Како што јавува АП, гувернерот на Флорида ги повика сите кои живеат во таа област, да се евакуираат во зоната на југозападна Флорида и да ги напуштат домовите поради заканите од Ирма кои веќе тргнала кон запад.

Скот изјави дека 25.000 луѓе на Флорида веќе ја изгубија струјата кога Ирма од надворешната страна го погоди јужниот дел од државата.

Можеби ќе ве интересира

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ИЗРАЕЛ ОДЛУЧИ КАКО ДА ГО ОДВРАТИ ИРАН ОД ПОНАТАМОШНИ НАПАДИ: Началникот на Генералштабот во посета на базата Неватим

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

КОЈ ПИЕ НАЈМНОГУ ВО ЕВРОПА: Изненадувачки податоци за Македонците, еве колку пијат

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

ЕВРОПА СЕ „ДЕЛИ“ НА ДВА ДЕЛА, И МАКЕДОНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ШОК: До крајот на месецов не очекува значително студено време

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

МОЖЕТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО ИТАЛИЈА, А ДА РАБОТИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИЛИ БИЛО КАДЕ ВО СВЕТОТ: Еве кои услови треба да ги исполните и колку се чека за виза

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа

СО ЧАСОВИ ЧЕКААТ ЗА ОБРОК: Гладот ги мачи Палестинците во Газа

ЛАВРОВ: Русија ќе ја поддржи воената акција на Иран против Израел

ЛАВРОВ: Русија ќе ја поддржи воената акција на Иран против Израел

(ВИДЕО) СЕ ТЕПАА ГРУЗИСКИ ПРАТЕНИЦИ: Законот за странски агенти создаде раскол

(ВИДЕО) СЕ ТЕПАА ГРУЗИСКИ ПРАТЕНИЦИ: Законот за странски агенти создаде раскол

МАКРОН, ШОЛЦ И КАМЕРОН СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Го повикаа Израел да не ги ескалира односите со Иран

МАКРОН, ШОЛЦ И КАМЕРОН СЕ ЗАГРИЖЕНИ: Го повикаа Израел да не ги ескалира односите со Иран