Видео: Масовна тепачка во Турскиот парламент по реформите на Ердоган
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2017
Независната пратеничка Ајлин Назилака реши да се врзе со лисици во пленарната сала на Турскиот парламент каде беа донесени уставните реформи со кои се утврди новиот претседателски систем кој му дава огромни ингеренции на Реџеп Таип Ердоган. Ваквиот потег наменет за блокирање на седницата предизвика масовна тепачка откако се втурнаа голем број на пратеници и од опозицијата.
Сите реформи предвидуваат дека турскиот претседател со декрет ќе може да назначува и разрешува владини функционери, да го распушти парламентот и да владее со мандат до 2029-та година со консеквентен избор.