(ВИДЕО) МЕРКЕЛ ЕДВАЈ ОДРЖА МИТИНГ: Луѓето ја исвиркаа
Објавено во: Свет 23 Септември, 2017
Во текот на предизборен митинг германската канцеларка, Ангела Меркел беше исвиркана во Минхен иако е извесно дека таа ќе победи на изборите со најголем број гласови.
Говорот траел 30 минути, но скоро и да не можел да се слуша.
Но, Меркел не дозволи луѓето да ја деконцентрираат.
„Нема така да ја обликувате иднината на Германија“ - рече таа.
Во текот на говорот луѓето се обидоа на сите начини да ја саботираат канцеларката.
Анкетите покажуваат дека Меркел ќе победи утре, а зад неа се очекува да биде партијата на Мартин Шулц.