(ВИДЕО) Милијарди Кинези тргнуваат на пат - видете зошто
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2017
Најголемата годишна миграција во светот започна во Пекинг.
Ruptly.tv покажа како милиони Кинези се упатија кон аеродроми, железнички станици и автобуски станици, за да отпатуваат кај своите семејства.
Причината е претстојната кинеска Нова година.
Меѓу нив се семејства, студенти и роднини кои создаваат вистински прилив по местата за заминување.
Според податоците на Министерството за транспорт, оваа година се очекуваат 2,98 милијарди патувања со воз, автобус, или авион.
Не се земени в предвид оние кои ќе патуваат со автомобил.
Растот во однос на минатата година е 2,2%.
Врв се очекува на 25-ти јануари, објаснуваат уште тие.