(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗЕН ГОСПОДИН: Ова се сопруги на челниците од државите членки на НАТО, а мажот меѓу нив не е случајно
Објавено во: Свет 26 Мај, 2017
Додека нивните сопрузи водеа сериозни разговори за политиката и безбедноста, во кралската палата Лакен во Брисел се дружеа и заедно се фотографираа првите дами од земјите членки на НАТО-и еден господин.
Во првиот ред од лево кон десно (на насловната фотографија) се Бриџит Троњо (Франција), Емина Гулбаран Ердоган (Турција), Меланија Трамп (САД), белгиската кралица Матилда, Ингрид Шулеруд, партнерка на генералниот секретар на НАТО, Десислава Радева (Бугарија) и Амели Дербодренгјен (Белгија).
Во вториот ред од десно кон лево стојат Тора Маргарет Балдвинсдотир (Исланд), Мојца Стропник (Словенија) и Готије Дестени сопруг на премиерот на Луксембург Хавиејр Бетел.
Тие двајца се венчаа во 2015 година, веднаш штом нивната земја ги легализираше истополовите бракови. Дестени не би бил сам меѓу жените ако во Брисел допатуваа и Јоаким Зауер и Јаков Китаровиќ, сопрузите на германската канцеларка Ангела Меркел и хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.
Прочитајте ја и оваа вест: