(ВИДЕО) МИСТЕРИОЗНА СИНА ТОПКА НА НЕБОТО: Сите прашуваат какво е ова чудо?
Објавено во: Свет 22 Март, 2017
Жители на повеќе шведски градови како Упсалу, Еребро, и Скокхолм пријавиле дека во понеделник виделе сина топка на небото.
Додека сите се прашуваа што е тоа, Ерик Стемпелс од Департментот за физика и астрономија потврди дека не се работи за крајот на светот.
Вели дека тоа е нешто многу мало и не е закана за луѓето.
Станува збор за метеор кој експлодирал во земјината атмосфера.
Стемпелс вели дека тоа се случува неколку пати годишно.
Додава дека досега тоа се случувало во подалечни подрачја и не му се придавало важност.
Таквите тела обично се случува да изгорат на надоморска височина од 30 или 50 км.