(ВИДЕО) МОМЧЕ НАЦРТА САМО ЕДЕН ЦРТЕЖ: Веднаш потоа неговата мајка е уапсена и осудена на доживотна робија
Објавено во: Свет 25 Јули, 2017
Аманда Левис е осудена на доживотна робија поради убиството на ќерка си, а клучен сведок бил нејзиниот седумгодишен син А.Ј. Момчето рекло дека мајката ја удавила неговата сестра, а како се случило тоа дури и нацртал.
Всушност Аманда тврдела дека нејзината ќерка паднала во базенот а сите верувале во таа приказна додека не се појавиле цртежите на момчето.
Кога судијата барал момчето да опише што се случило, тој рекол: „Ова е мојата мама, и вака ја уби мојата сестра. И стави рака на лице за да не вреска“.
Момчето подоцна е соочено со својата мајка и тогаш почнало да плаче.
На судењето сведочела и мајката на Аманда која тврдела дека нејзината ќерка изгубила нерви со девојчето, кое боледувало од хиперактивност и дефицит на внимание.
Иако е осудена за убиство, неговата мајка тврдела дека некој го наговорил момчето да даде ваков исказ додека адвокатот е убеден дека неговата клиентка е невина.