(ВИДЕО) МОРБИДНИ СНИМКИ ОД НАПАДОТ ВО ЛОНДОН: Луѓето очајно молат за помош под тркалата на автомобилот
Објавено во: Свет 24 Март, 2017
Се појави уште едно застрашувачко видео од терористичкиот напад во Лондон, и моментот кога Халид Масуд излетал на тротоар и ударил со автомобилот „хјундаи“ во капијата на парламентот Вестминстер.
Под тркалата на неговиот автомобил се гледаат две тела како лежат на земја помеѓу капијата и возилото, а на видеото се гледаат патики расфрлани покрај автомобилот.
Додека една жена им помага на луѓето на земја, чад се крева под хаубата на колата.
Жената очајнички се обидува да им помогне на повредените и моли за помош.
Во нападот на Вестминстерскиот мост и пред зградата на британскиот парламент се убиени пет лица, заедно со напаѓачот, додека 40 се повредени.
Одговорност презеде Исламска држава, а напаѓачот вчера го идентификуваше лондонската полиција.
Во прашање е Халид Масуд, кој и бил познат по бројните псевдоними, и живеел во Западен Мидлендс.